Не стивнува интересот за посета на слониците - Зоолошката секој ден полна со посетители

Не стивнува интересот на посетителите на Зоолошката градина, особено на најмладите, да ги видат Дуња и Даела, двете слоници кои минатата недела пристигнаа во своето ново живеалиште.

Во саботата кога беа претставени пред посетителите имаше купено околу 10.000 влезници, а голем интерес имаше и на денот на гласањето за референдумот.

Посетителите се воодушевуваа на слониците кои се разладуваа во отворениот базен.

– После се што прозивеала, Дуња сега е на Малдивите – е еден од мноштвото коментари на фејсбук страницата на Зоолошка.

Дуња и Даела дојдоа од Белгија, а претходно работеле како циркуски слонови. Во скопската зоолошка тие во мир и спокој ќе ги поминат пензионерските денови.

cheap nike air max 90