
Традиционално во јуни во Скопје парада на ЛГБТИК лицата (лезбејки, геј, бисексуални, трансродови, интерполови и квир лица).
Овогодишниот Скопје Прајд ќе се одржи под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“ на 20. јуни.
Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како и по улицата Димитрије Чуповски, со завршница во Жена парк – Борец.
- Сите нека знаат“ е реакција против вековното, системско бришење и истиснување на ЛГБТИК+ животите од колективната историја, меморија, култура и јавен простор. На обидите нашето постоење да се релативизира, патологизира или претстави како нешто измислено и „увезено“ – гласно им велиме: тука сме, насекаде околу вас. Ние сме дел од вашето потесно и пошироко семејство и од вашиот круг на пријатели. Ние сме ваши колеги, клиенти, соработници, соседи и познаници. Тука сме, меѓу оние со кои се разминувате на улица или разменувате по некој збор на каса или на шалтер. Ние сме ваши доктори, наставници, угостители, инфлуенсери, продавачи, возачи, забавувачи, доставувачи… - велат организаторите.