Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарувања, болка и предавства

 

Не сме ние уморни од животот, уморни сме од разочарување, болка и предавства, уморни сме од нечовечното однесување на кое луѓето се навикнати. Уморни сме од самосожалување во кое се гледаме себеси само како жртви на околностите и другите луѓе без можност да промениме нешто. Уморни сме од постојаните стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме изнманипулирани, напуштени, а гледаме дека сме се загубиле во некоја слепа улица без можност да видиме некое подобро утре.

Не сме ние уморни од животот, уморни сме од вртење назад, постојано гледање во минатото, и во него ги гледаме златните времиња и сеќавањата на поубавите денови кои нема да се повторат. Уморни сме од чувството дека секогаш нешто ни недостига за да бидеме целосни, среќни и силни. Уморни сме од зборовите кои сме ги изговориле, а за кои сме сфатиле дека не ни донеле ништо добро, уморни сме од очекувањата дека животот ќе биде подобар утре, а сè тече по истиот тек.

Не сме уморни од животот, уморни сме од тоа да им докажуваме на другите дека сме во право, докажување на нашите идеи, соништа, верски уверувања. Уморни сме од чувството на помала вредност, недостаток на сопствената вредност, неавтентичност во која се појавиле тешкотии, грижи и други чувства кои прават да тонеме и цел живот да се прашуваме дали се исплати да се живее. Уморни сме од тоа постојано да ги правиме истите грешки, а да не учиме ништо од нив. 

Не сме ние уморни од животот, ние копнееме по животот, копнееме по оние убави чувства, копнееме по внимание, нежност, убави зборови, сакаме некој да ни каже дека нè сака и да ја возвратиме таа љубов. Но, предолго сме живеелево сенка, во онаа темна страна, што мислиме дека тоа е животот и дека нема други можности. Сакаме да се потрпеме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да го чуеме отчукувањето на нечие срце, тоа е единственото вредно во овој живот. Го сакаме тоа, не сме уморни од тоа!

~ Марио Жувела