Не сме совршени, но совршени сме еден за друг...

Ние не сме совршени. Далеку од тоа. Но, ние сме совршени еден за друг.

Ти си имаш твои бубачки во глава и јас си имам мои, барем тоа е очигледно. Но, кога заедно работиме на нив, тоа е секогаш многу подобро отколку самите да го правиме тоа. Многу сакам кога ми помагаш со моите проблеми и кога јас давам се од себе за да бидам покрај тебе кога ти имаш свои проблеми.

Ти ми помагаш на најдобриот начин. Ме засмејуваш и тогаш кога мислам дека светот се распаѓа и ми кажуваш дека се ќе биде во ред. И од некоја причина – ти верувам.

Никогаш не се случило да не бидеш покрај мене кога ми требаш. Твојата доверба и поддршка ми значи повеќе отколку што можеш да замислиш и знаеш дека и јас секогаш истото ќе го правам за тебе.

Толку сум среќна кога ќе ми побараш совет и кога ме пушташ во твојот свет. Знам дека тоа може да биде страшно. И поради тебе јас помалку се плашам. Пред тебе, секогаш имав чувство дека нешто не е како што треба и дека дефинитивно се е осудено на пропаст. Со тебе, се некако е лесно. И двајцата сме како две делчиња од сложувалка кои едноставно одат едно со друго.

Понекогаш имам чувство дека ние двајца заедно сме премногу добри за да бидеме вистина. Како се да ќе исчезне за еден миг. Но, после се што поминавме заедно, мислам дека не може повеќе да се враќаме назад. А не е дека јас и ти немаме пројдено низ тешки периоди. Но, еве сме сега, на другата страна и фактот дека ги надминавме пречките ми кажува дека сме создадени еден за друг.

Кога те гледам тебе, нема нешто што не ми се допаѓа. Ти целиот си совршен за мене. Не само што си мојот омилен човек за решавање проблеми, туку ти си оној кој прави да се смејам до солзи се додека не останам без воздух. Ти ја сфаќаш мојата смисла за хумор и тоа ги прави нашите шеги уште подобри. И генерално ти едноставно ме разбираш. Понекогаш фактот дека ме читаш како буквар ме вади од памет. Но и јас те читам како буквар. И кога те гледам тебе, навистина ја гледам мојата друга половина.

Го гледам тоа во твоите очи, го слушам тоа во твојата насмевка и го чувствуваш тоа секој пат кога ќе ме повлечеш до тебе и кога ќе ме прегрнеш.

Не постои совршен човек и не ни сакам да се обидам дас бидам совршена. Но, постои нешто што се вика прекрасно несовршени. Тоа сме јас и ти. Ние сме прекрасно несовршени луѓе кои се совршени еден за друг.