Не сите пријави за каснувања од бездомни кучиња се реални, велат од ЈП Лајка

Речиси секојдневно во полицискиот билтен се нотирани случаи на каснувања од улични кучиња. Но, дали и колку сите овие пријави од граѓаните се реални. На оваа тема разговараме со надлежните од Јавното претпријатие Лајка?

Како се постапува со бездомните животни на подрачјето на Град Скопје, која е улогата на претпријатието кога станува збор за каснување од бездомно куче, каков е интересот за вдомување на животни од нивното прифатилиште, што треба да знаат сопствениците на миленици...

Изминатиов период Лајка имаа заловувачки акции низ повеќе скопски општини. 

– Од Јануари 2023 година до сега во ЈП Лајка се заловени и донесени од граѓани 413 кучиња од територијата на Градот Скопје. Сите кучиња кога пристигнуваат во нашето прифатилиште веднаш им се отвара досие, имаат општ ветеринарен преглед, им се прави тест за социјализација и општа крвна слика и тест за лишманија, добиваат вакцина против беснило и заразни болести, потоа следува кастрација или стерилизација зависно од полот, микрочипирање, обележување со ушна маркица.

Сите кутриња се сликаат и се објавуваат на нашите социјални мрежи за вдомување, доколку кучето не се вдоми или преземе од здружение или од активсти истото се враќа на локацијата од каде што е заловено. Изминатите три месеци спроведуваме стратешко заловување во општините под Град Скопје, оптпочнавме со Општина Аеродром, продолживме со општина Центар, следна беше општина Кисела Вода и во моментот заловуваме во општина Гази Баба. Овие општини ги поминуваме темелно, и во соработка со граѓаните успеваме да заловиме поголеми групи на кучиња од овие локации.Во следниот месец ќе посветиме уште по една до две недели во споменатите општини со цел да ги заловиме кучињата кои не сме ги опфатиле со претходниот бран, велат од Лајка. 

Во истиот период интервентна екипа за заловување на ЈП Лајка постапува по сите пријави од граѓани на целата територија на Град Скопје.

-Има голем интерес од страна на граѓаните за соработка, тие најчесто ни пријавуваат кучиња за заловување и ги посочуваат локациите. Граѓаните некогаш и сами ни ги носат своите маалски кучиња да го поминат хуманиот третман во нашето прифатилиште, што на нас ни е од голема помош, велат од Лајка за соработката со граѓаните. 

Се повеќе пријави за напади од улични кучиња врз луѓе, но и миленици. Дали Лајка доволно системски се справува со проблемот со бездомните кучиња?

– Има официјална статистика на МВР со која се гледа дека пријавите со кучиња не се зголемуваат туку дека стагнираат и се намалуваат. Големата бројка на пријави за оштетени граѓани од напад на куче не би ја поврзале само со реални напади, туку и со определени лукративни намери од несовесни граѓани.

ЈП Лајка е само дел од институциите во државата кои треба да го третираат овој проблем, и за жал е единствената институција која активно работи на решавањето на овој проблем и тоа само во рамките на Град Скопје. Ние сме во позиција да ја третираме последицата на недобро поставен државен систем за контрола и превенција на проблемот. Нашите капацитети се исти од основањето на ЈП Лајка до денес, и ги уверуваме граѓаните дека со истиот капацитет на месечна основа ги подобруваме резултатите и бројот на третирани единки. Целта за оваа година ни е барем да го дуплираме бројот на третирани кучиња во однос на минатата година и сме на добар пат да го направиме, бидејки до сега имаме третирано повеќе од половина од бројот на кучиња во однос на целата мината година. ЈП Лајка е финансирана од Градот Скопје, но нашиот буџет во голем дел се состои и од надоместот кој со трипартитниот договор меѓу Градот Скопје, ЈП Лајка и општините треба да го исплаќаат, но не се почитува од сите 10 општини. Само три општини редовно ги исполнуваат нивните обврски спрема претпријатитето, Општина Центар, Општина Гази Баба и Општина Аеродром. Ние секако интервенираме на целата територија на Градот инаку проблемот со бездомните кучиња ќе ни се прелева од една општина во друга, велат оттаму за ова прашање кое секојдневно ги засега скопјани, појаснуваат надлежните од Лајка. 

-Поради тоа и граѓаните треба да ни помогнат и да побараат од своите општни да соработуваат со нас, со цел поуспешна работа на препријатието за да можат што повеќе кучиња да го поминат хуманиот третман. Скоро сите кучиња кои се во нашиот стационар по пријава на каснување го поминале тестот за социјализација, некои од нив и се среќно вдомени, некои и превземени од здруженијата и актвистите. Нашиот став е дека ние максимално ги користиме нашите капацитети и на хуман начин третираме огромен број на кучиња, но треба и другите релевантни институции паралелно да го таргетираат проблемот со цел да се спречи напливот на нови единки на улица. Секоја сериозна студија која се занимава со причините за голем број на улична популација на кучиња во определен град, укажува на фактот дека уличната популација на кучиња потекнува од сопственичките кучиња, односно од неодговорно сопствеништво. Македонија секако не е исклучок од оваа појава, додаваат од Лајка. 

Скопјани се хумани згрижувачи на бездомните миленици кои се бесплатни во Лајка. 

– Има интерес за вдомување од нашето прифатилиште, не само од скопјани, туку и од граѓаните од другите градови, а со помош од активистите и здруженијата имаме вдомувања и надвор од нашата држва. Свеста за вдомување се зголемува се повеќе од година во година, наспорти купувањето. Но сепак, се уште имаме граѓани кои размножуваат и продаваат кучиња, со што се зголемува комуналниот проблем, велат од претпријатието. 

-Вдомувањето во нашето прифатилиште е бесплатно, заинтересираните граѓани секогаш имаат прво средба со кучето за кое се заинтересирани, потоа следува проверка во какви услови и како ќе бидат чувани, па одлучуваме дали се погодни за тоа куче. Целта не е само да се вдомат тие кучиња и потоа повотрно да завршат на улица или да бидат лошо чувани, ние се грижиме за нивната благосостојба. Како Јавно претпријатие превземаме многу активности со цел да ја зголемиме јавната свест за бенефитите од вдомување на милиеник, и одговорностите кои треба да ги имаат новите сопственици, потенцираат од Лајка. 

Кои три нешта треба да ги имаат да ум оние кои сакаат да чуваат миленик?

– Главниот проблем кој го имаме во нашиот град со бездомните кутриња потекнува од домаќинствата кои неодговорно ги чуваат своите кучиња. Не ги стерилизираат и кастрираат своите миленици и непотребно создаваат нови легла на кучиња, од кои што се ослободуваат фрлајќи ги на улица. Претерано честа појава е напуштањето на домашниот миленик, кој е оставен сам на себе на улица и оставен неконтролирано да се рзмножува. Често се соочуваме со заловување на чипирани домашни сосптвенички кучиња. Кога ќе стапиме во контакт со регистрираниот сопственик, често оди приказната, јас го дадов на друг, другиот на трет и така натаму, на крај ваквите случаи ги доставуваме до Агенцијата за храна и ветеринарство на понатамошно постапување од страна на инспекторите со овие сопственици, и на крај секогаш институционално се превземаат мерки кон сопсвтеникот на чие име е регистрирано кучето, појаснуваат од Лајка од каде испраќаат апел до граѓаните, при менување на сопственик задолжително истото да го пријават во ветеринарна амбуланта и податоците на новиот сопственик да се впишат во системот, така доколку залови Лајка сопственичко куче ќе го контактираат вистинскиот сосптвеник и ќе си дојдат да си го земат своето куче.

ЈП Лајка нема ингеренции да казнува и да постапува по неодговрни сопственици на миленици, оваа ингеренција ја имаат АХВ и МВР во определени случаи.