Не си играјте со довербата – потребно и е време да се изгради, но само една секунда да се уништи

Што е довербата?

Таа е отворена, искрена нишка меѓу двајца луѓе. Потребно и е време да биде изградена, но само една секунда  да се уништи.

Таа е љубов, разбирање, добрина еден кон друг. Не зависи од тоа колку сме различни со друга личност, туку колку се разбираме и колку го сфаќаме нејзиното значење.

Таа значи и искреност и не секогаш вклучува добри зборови и комплименти, но значи и нивно прифаќање. Без искреноста и довербата не можеме да изградиме ниту еден вистински однос со друга личност. Не можеме да одржиме љубовни врски, пријателства, не можеме да се потпреме и да веруваме некому.

Животот често е игра, а многумина не ја сфаќаат огромната моќ на довербата и лесно си играат со неа. Сметаат дека луѓето се наивни и дека лесно можат да си играат со нив, но времето само покажува дека тие се оние кои губат.

Со помош на довербата можеме да им веруваме на другите, но и да си веруваме себеси за изборот на луѓето кои ги пуштаме до себе. 

Довербата не значи дека мораме секогаш да се пазиме од другата страна, туку дека навистина можеме да се потпреме некому со сите свои маани, лоши ситуации, неволји и поддршка која ни е потребна.

Без довербата не сме луѓе и без неа не можеме да функционираме со другите на ниту еден начин.