Не си го трошете животот...

Не си го трошете животот, ниту зборовите, ниту вниманието, на оние кои ве ставиле на дното на својата листа на приоритети, додека пак вие сте ги ставиле на врвот на таа листа.

Не си го трошете животот на луѓе со кои секогаш мора да внимавате какви зборови ќе употребувате и ако кажете нешто погрешно, уште многу долго време ќе ги чувствувате последиците од тоа.

Не си го трошете животот на оние кои никогаш не ги виделе вашите солзи, оние кои никогаш не разбрале што се наоѓа позади насмеаното лице, оние кои нималку немале трпение за вашите слабости.

Не си го трошете животот на луѓе чија рамнодушност кон вас е толку голема што може да се види и од универзумот. Само вие не можете да ја видите, за жал.

Заштитете го своето време, затоа што времето е ограничено и бргу лета.

Нема да добиете повеќе време во животот.

Секој ден овозможувајте си ги работите кои ги заслужувате.