Вистинска драма се одвивала вчера во СВР Велес откако маж пријавил физички напад од неговата сопруга. После половина час и жената го пријавила својот маж дека тој прв физички ја нападнал.
„Во велешката полиција, 36-годишник од Велес синоќа во 21:30 часот пријавил дека во семејната куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 41- годишна сопруга.
Околу 22:00 часот и 41- годишната жена пријавила дека во домот била физички нападнат од 36- годишниот сопруг, информира утрово Татјана Ѓуровска од СВР Велес.За настанот бил запознаен јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, велат од СВР Велес.