Не се заљубувајте во Вагите...

Не се заљубувајте во Вагите, бидејќи никогаш нема да можете да ги заборавите.

Тие се љубовната приказна која ќе ја споредувате со сите други. Тие ќе ви помогнат да поставите високи стандарди кои никој нема да може да ги освои.

Не се заљубувајте во Вагите, бидејќи тие никогаш нема да започнат кавга и нема да ви се лутат долго и без причина. Вагите се личности кои сакаат да ги решаваат проблемите на мирен начин. Тие никогаш нема да зборуваат лошо за вас, нема да се трудат да ви покажат дека се подобри од вас, нема да играат игри.

Ако се заљубат во вас, тие ќе ве почитуваат и сакаат и постојано ќе се трудат да стават насмевка на вашето лице. Тие се грижат за вашата среќа и тоа често им е поважно од нивната сопствена среќа. Но, само ако ве засакаат...

Тие ќе бидат првата порака со која ќе се разбудите наутро. Ќе бидат личноста која ве смее со слатки поради додека се соочувате со проблеми на работа. Тие ќе бидат најдобриот дел од вашиот ден.

Не се заљубувајте во нив, бидејќи тие ќе го видат најдоброто од вас. Тие ќе веруваат во вас и тогаш кога и самите не верувате во себе и ќе ви покажат зошто ве сакаат  и колку вредите.

Не се заљубувајте во Вагите, бидејќи ќе ја прифатат секоја страна од вас – секоја предност, но и секој недостаток, секоја ваша слабост. Тие ќе бидат покрај вас и кога сите други ќе си заминат и ќе останат со вас во сите неволји и бури. 

Не се заљубувајте во нив, бидејќи ќе ви помогнат да бидете најдобрата верзија од себе, тие ќе бидат вашиот најдобар спомен, вашата најгласна смеа и најдоброто друштво кое сте го имале. Тие ќе бидат вашиот најголем фан, најголем поддржувач.