Не се заљубувајте во Рак

Не се заљубувајте во Рак затоа што има златно срце, најчисто срце кое некогаш ќе го запознаете. Тие влегуваат во врска без никакви задни намери и не бараат ништо од вас. Тие ќе ве сакаат со цело срце ако им покажете дека го заслужувате тоа. Тие се прекрасни души кои даваат сѐ од себе за другите да бидат среќни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што и покрај тоа што има срце од злато, тие околу себе имаат ѕидови. Морате малку да се потрудите за да им се приближите. Нивната љубов не е едноставна, но знаеме дека најдобрите работи во животот никогаш не се едноставни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што ќе запомнат сѐ што ќе им кажете, дури и ако го кажете тоа со шепот. Тие слушаат повеќе од она што го кажувате и навистина се грижат. Тие ќе запомнат работи кои вие сте заборавиле дека сте ги кажале. И ќе се чувствувате дека ги познавате цел живот.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие премногу се грижат. Се грижат за вашите чувства и секогаш ќе внимаваат да не ве повредат. Тие ќе ви се извинуваат и повеќе отколку што треба, затоа што сакаат да бидете среќни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие се премногу чувствителни. Тие ќе ве научат поинаку да гледате на животот, да бидете повнимателни... Ќе видете како ќе почнете да се менувате, затоа што ќе се грижите и за себе, но и за сите останати околу вас.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што толку многу се добри, но и срамежливи. Не функционираат најдобро на големи собири, но ако некој ги повлече на страна и започне разговор со нив, тие повторно ќе се претворат во личноста која толку многу ја сакате.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие секогаш го следат своето срце. Дури и ако се работи за нерационален и нелогичен избор. Тие се прилично тврдоглави кога се во прашање работите што ги сакаат.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што навистина ќе се приврзат за вас, а вие ќе бидете пресреќни што сте запознале личност која толку се грижи за вас. Затоа што светот е место во кое луѓето се плашат да го отворат срцето и ретко го прават тоа. Тие беспрекорно ги читаат луѓето и треба да им верувате на нивната процена.

Дури и ако се заколнете дека нема да се заљубите во нив, ќе сфатите дека се заљубувате. Можете да го негирате тоа и да речете дека тоа нема да функционира. Но, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека ги сакате повеќе отколку што сакате да признаете. И тоа е уште една работа во која се добри – секогаш им докажуваат на луѓето дека не се во право.