Не се заљубувајте во Близнаците...

Тие ќе ве научат дека луѓето не се онакви какви што изгледаат.

Тие играат 2 важни улоги во вашиот живот. Близнаците можат да бидат социјални пеперутки кои и даваат живот на забавата, но можат и да бидат емотивни интелектуалци кога таа ќе заврши. Сакаат луѓе, но знаат да бидат и волци самотници некогаш.

Не се заљубувајте во нив бидејќи ќе ве сакаат едноставно за тоа што сте. Ќе ги видат сите ваши добри страни и ќе го ценат тоа. Ним им е потребна личност која ќе им дава поддршка и која ќе ги турка напред, бидејќи истото ќе го прават и за вас.

Тие ќе ви простуваат. Без оглед на тоа колку сте им згрешиле. Никогаш нема да се фаќаат за малите нешта и ќе се трудат да ги гледаат работите од перспектива која не е нивна. Пред да кажат нешто, тие секогаш прво добро ќе размислат.

Но, кога ќе ви простат тие, нема да си простите самите. Бидејќи тие ќе бидат најдобрата личност која сте ја сретнале во животот.

Не се заљубувајте во Близнаците бидејќи тие вистински ќе сакаат да ве запознаат. Ќе направат се што е потребно за да научат многу за вас и секогаш да бидат добри кон вас. Ќе научат што сакате, од што се плашите, ќе ги научат вашите грешки и сето тоа ќе го запомнат добро.

Не се заљубувајте во нив бидејќи ќе се смените додека ги сакате. Тие ќе направат да бидете најдобрата верзија и од себе и кога ќе погледнете назад нема да знаете како сте се смениле, но ќе сфатите дека тоа е поради нив.