Не се заљубувај во мене...

Не се заљубувај во мене.
Има денови кога се растажувам без причина и само зјапам во таванот додека солзите сами си течат.

Не се заљубувај во мене.
Кога имам такви денови, не сакам да зборувам со никого. Се фрлам во мојот кревет и размислувам за тоа како е возможно да сум таков хаос од тага.

Не се заљубувај во мене.
Јас ќе се приврзам за тебе и ќе се нервирам ако не ми пратиш порака за добра ноќ и ќе се убедувам дека веќе си се уморил од мене. 

Не се заљубувај во мене.
Знам да бидам претешка. Ќе зависам од тебе. Сакам внимание. Ќе зборувам во метафори. Ќе ти пишувам поеми и ќе ти се отворам во 2 наутро.

Не се заљубувај во мене.
Ќе ти дадам сѐ што остана од мене, секое парченце љубов, сѐ додека повеќе немам што да дадам, сѐ додека не станам целосно празна.

Не се заљубувај во мене.
Се плашам дека мојата тага е заразна. 

Не се заљубувај во мене.
Постојано ќе си ги повторувам сите слатки зборови кои си ми ги кажал, особено во моментите кога нема да се сакам себеси.

Не се заљубувај во мене.
Затоа што јас ќе се заљубам во тебе.