Не се плашете повторно да љубите, не се сите луѓе исти и нема сите да ве повредат

Добро ми е познато тоа чувство откако човек ќе биде повреден неколку пати. Се повлекуваш, ти доаѓа преку глава од сѐ и си велиш: „Никогаш повеќе“. Никогаш повеќе нема да дозволам да ми се случи ова, никогаш повеќе нема да дозволам некој да допре до мене.

Познати ви се овие изјави?

И мене. Сум ги кажала многу пати. И навистина сум ги мислела. И сум се заглавувала сама во себе, бегајќи од чувства, бегајќи од луѓе, бегајќи од сѐ. И знаете што добив? Празен живот.

Долго време мислев дека тоа што се затворам себеси и тоа што блокирам чувства и луѓе од мојот живот е единствениот начин како да останам со здрав разум и душа, без да ме повредуваат. Затоа што реално, на кого нема да му дојде преку глава тоа да дава сѐ од себе, а на крај да добие само скршено срце и невидливи рани на душата?

И едно време функционираше, навистина. Супер ми одеше, не дозволував никој да ми се доближи, цело време бев сама и уживав во тоа. Сѐ додека не сфатив дека полека, незабележително, тие ѕидови се зацврстуваат и ме оттуѓуваат од светот. Сфатив дека станувам рамнодушна на сѐ.

Да, навистина, немаше болка во мојот живот, ама набргу сфатив дека немаше ниту радост. Немаше длабока среќа, занесно смеење до солзи. Едноставно постоев и тоа беше тоа. И сфатив дека сакам повеќе. Не сакам мојот живот да помине во криење и ѕидини, без среќа и без чувства. Да, ѕидовите ви помагаат да се скриете од болката, ама кога ги градите тие ѕидови имајте на ум дека низ нив не може да продре ниту среќата, ниту љубовта, ниту страста.

А таков живот не е живот. Живот без среќа е само постоење, чекање времето да си измине.

Има секакви луѓе на овој свет. Такви кои ќе ве повредат, но и такви кои ќе ве кренат и издигнат до најголеми височини. Некогаш ќе ве повредат, некогаш и вие ќе повредите. Таков е животот.

Не се сите луѓе исти и нема сите да ве повредат.

Кога ќе се оттуѓите од сѐ, зарем мислите дека така ќе им вратите на тие што ве повредиле? Или дека некако ќе успеете да ги поправите работите од минатото? Не, напротив. Тие што ве повредиле си продолжиле со животот, си уживаат во него, а вие се затворате и ги блокирате сите позитивни мисли и чувства. Што мислите, кој навистина победил во случајов?

Јас така лутав со години, затворена и огорчена. Кога конечно ги спуштив моите ѕидови и одбранбени механизми, се почувствував како повторно оживувам. Почнам да гледам среќа насекаде околу мене, одеднаш позитивна енергија имав на претек, запознав позитивни и пријатни луѓе и целиот живот стана посветот и полн со бои, наспроти претходното сивилно во кое бев западнала.

Отворете го срцето и живејте. Животот е прекраток за да бидете огорчени. Тоа никому не донело добро, а вам ќе ви донесе само изгубено време.

Животот има многу бои кои ќе ги видите само ако дозволите да почувствувате љубов. Љубете!