Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе

Се плашам од сите оние сенки кои секогап проаѓаат покрај нас без зборови и без глас. Се плашам од оние лажни насмевки кои изгледаат толку извештачено што не можеш, а да не се запрашаш што стои зад нив.

Се плашам од пренапупмана еуфорија и услужност, а ти само го чекаш моментот кога личноста ќе ти каже нешто што толку многу ќе те здрма што повеќе нема да знаеш ништо.

Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе. Се плашам од оние луѓе кои секогаш глумат најдобри пријатели и зборуваат дека на нив секогаш можеш да се потпреш, но кога ќе дојде тој момент на криза, бегаат без око да им трепне. Се плашам кога луѓето стануваат непријатели преку ноќ, без ништо да се случи, а потоа се прашуваш како дојде до тоа заладување и што си направил за така да се однесуваат кон тебе и на крај сфаќаш дека не е до тебе.

Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе. Се плашам од односи кои не се вистински односи, туку одмерување на силите, некаква корист или заедничко поминување на времето додека не дојде нешто подобро. Се плашам од луѓе кои влегуваат во твојот живот и се однесуваат како да влегле во некој трговски центар и размислуваат што можат да земат и со што да платат, а кога ќе видат дека завршиле со купување, само излегуваат и никогаш не се вртат назад.

Не се плашам од ладното време, се плашам од ладните луѓе. Се плашам од преправања и истрошени улоги во кои лошата глума го заменува сѐ она што сме и што можеме да бидеме. Ладното време ќе дојде и ќе пројде, но луѓето тешко се менуваат, тешко ги оставаат своите стари навики, а тешко и да препознаеш кој се наоѓа зад маските, а кој пристапува со искреност и отвореност. Треба време за да го научиш тоа, а можеби дотогаш некој и ќе се промени. Како и да е – сѐ ќе пројде!