Не се плашам да бидам своја

Луѓето секогаш ми велеле дека не сум толку убава колку што имам харизма, енергија, сјај во очите и волја за живот. Насмевка која го буди цело маало. На моето лице не може да се скрие непроспиената ноќ. Секогаш сѐ е на виделина!

Секогаш сум брутално искрена.

Моето темпо го диктираат моите чувства. Чувства!

Секогаш сум своја!

Од никаде-некаде ќе отидам и ќе си ја скратам косата, затоа што така се чувствувам и не се грижам како ќе ме гледаат на улица, затоа што тоа сум јас!

Живеам по свои правила!

Сама паѓам, сама станувам.

Отсекогаш сум била љубопитна и секогаш сакам да учам и да дознавам повеќе и за себе и за светот околу мене. Сакам мојот ум да се развива.

Она што секогаш ми било важно е да се грижам за себе и да си ги исполнувам сопствените желби. Ако јас не се грижам за себеси, јас нема да бидам среќна. А животот е прекраток за човек да не биде среќен и да чека друг некој да го направи среќен.

Да, понекогаш одам со глава во ѕид. Сѐ во корист на сопствена штета. И понекогаш боли. Но, ништо страшно. Ќе паднам, ќе станам, ќе истресам сѐ од мене и продолжувам да одам. Со гордо исправена глава. Барем до следниот ѕид.

Немам гордост. Немам што да кријам. Дишам. Со полни гради. Патам. Со полни гради. Сакам. Сѐ и веднаш. Немам трпение. Немам непријатели. Немам звучно и познато презиме. Немам висока плата.  Тоа што го имам е доволно за кафана и пиво со тие што ги сакам.

Немам големи планови. Можеби ќе бидам нечија сопруга. Можеби не. Ќе видиме.

Немам предрасуди. Сакам гласно да се смејам. Немам кредит. Мирно спијам. Денот нема доволно часови за да можам да направам сѐ што ќе ми падне на ум и да ги завршам сите обврски и да одговорам на сите пораки. Немам слика за идеален маж. Во мојот речник не постојат зборовите „не можам“ и „не знам“. Немам влакна на јазик, ниту грчеви во стомак. Немам рачен часовник, ниту пак ѕиден часовник. Немам календар. Што ќе ми е? Да гледам како времето лета?