„Не се парковите за паркирање, туку за уживање!“ - нова акција на ЈП „Паркови и зеленило“

Периодов ЈП „Паркови и зеленило“ започна со нова акција.

Доколку се паркирате на зелените површини кои ги одржува претпријатието и бидете забележани од нивните екипи, знајте дека набрзо ќе пристигне пајак-служба.

-Не ни е важно на каква позиција сте, дали сте шеф, раководител или работник. Вие сте граѓанин кој ја загрозува животната средина. Утрово всушност, после реакција на посетител на паркот, ние викнавме пајак-служба и за наш вработен на пунктот Градски парк. Сите сакаме зелен град. Можеме сите и да придонесеме!, велат од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

nike air max 1 sale