Не се откажувајте – ве очекуваат чуда!

Јавна тајна е дека оние кои имаат визија во животот и кои живеат во согласност со таа визија, достигнуваат нешто прекрасно, додека пак они кои немале никаква визија или кои ја изгубиле својата визија наидуваат само на препреки или во најдобар случај, живејат обичен живот. Важно е да се препознае визијата која ве инспирира и да ја имате постојано пред очите.

Би ви го прикажал тоа преку една приказна:

Во средниот век живееле еден добронамерен архитект кој сакал да изгради катедрала. Чувствувал дека постои голема потреба да се инспирираат луѓето во местото во кое живеел. Но, имал многу малку средства на располагање.

Еднаш отишол до каменоломот каде неговите работници ваделе камења и би обликувале со чекани. Тој се обратил на еден од работниците:

„Извинете, што правите?“

Човекот мрзоволно одговорил: „Зарем не гледате, ги подготвувам камењата.“

Тој му се заблагодарил на работникот и отишол до следниот работник кој ја правел истата работа. И тој во своите раце имал чекан и длето кои ги користел на необработениот камен.

„Извинете, што правите?“

„Градам катедрала!“ – одговорил другиот човек со насмевка на лицето.

Одговорот бил толку убав, што подоцна решил насамо да разговара со тој човек кој станал негов советник и му помогнал до крај да го изгради зданието и тоа во многу кратко време.

Разликата во делување со визија или без неа е еднакво очигледна како и разликата меѓу ден и ноќ, а и резултатот е сосема поинаков.

Важно! Кога ќе одлучите да ја побарате сопствената визија, не се прашувајте што е тоа што би му било потребно на светот. Прашајте се што е она што ве прави да се чувствувате живо и следете го тој пат. Затоа што она што е најпотребно и вам и на светот се луѓе кои се полни со живот, луѓе кои ја пронашле сопствената цел или визија.

Некој кој делува во согласност со својата визија добива неверојатна помош и поддршка и од целиот универзум.

Живејте во согласност со вашата визија. Тоа би требало да биде нешто што ќе разгори нешто во вас, нешто што е одраз на вашиот вистински копнеж. Разговарајте за тие визии со доверливи пријатели и оформете ја. Секогаш имајте ја таа визија пред очи – чуда ве очекуваат!