Не се извинувајте никому – вашето срце чука во свој сопствен ритам, уживајте во неговата музика

Време е да престанете да се извинувате за тоа што сте. За тоа што чувствувате многу, за тоа како го живеете животот, кои работи ги сакате и што сакате да бидете. 

Време е да престанете да ги слушате луѓето околу вас кои се трудат да ви дадат дефиниција за тоа како треба да живеете, но и да престанете да го слушате гласчето во вашата глава кое постојано ви вели дека нешто не е во ред. 

Не постои ништо поослободувачко од тоа да се тргнете од кафезот во кој сакаат да ве стават другите. 

Време е да престанете да се извинувате за тоа што одбирате да бидете со некои луѓе. Време е да си поставите свои стандарди и граници, кои ќе бидат само ваши. Време е и да престанете да се извинувате за тоа како ја избирате љубовта, за тоа дали сте или не сте романтични, дали сте чувствителни, дали сакате свадба или сакате слобода. 

Вашето срце чука на свој сопствен ритам, уживајте во тоа. Тоа е вашата музика на животот. 

Време е да се ослободите од стегите кои постојано си ги поставувате себеси  и тоа најчесто поради другите луѓе. Навистина е време да почнете да живеете. Како што вие сакате.