Не се грижете што мислат другите за вас, тие не ги плаќаат вашите сметки

Колку сме среќни или несреќни, зависи од нашите сфаќања.  Колку пати сме мислеле дека ќе бидеме посреќни ако си дозволиме нешто, а потоа штом го добиеме сакаме нешто друго.

Ова се 10 правила за посреќно живеење, кои можеме да почнеме да ги применуваме веднаш.

  1. Помирете се со своето минато, не дозволувајте тоа да влијае на вашата сегашност.

  2. Што другите мислат за вас, тоа не е ваша работа.

  3. Времето лечи сè, дајте му шанса.

  4. Не го споредувајте својот живот со другите и не ги осудувајте, немате претстава како живеат.

  5. Престанете да размислувате премногу. Нормално е да не ги знаете сите одговори.

  6. Никој не е задолжен за вашата среќа, освен вие самите.

  7. Насмејте се, не се сите проблеми на светот ваши.

  8. Најдете ја добрата страна во себе, но и во другите луѓе. Не се фокусирајте на маааните.

  9. На крајот на денот, среќата е во тоа како се чувствувате, а не што имате.

  10. Ако сакате да смените нешто, почнете од себе.