Не сакавме да запреме и да се смириме, па животот реши да го направи тоа наместо нас

Кога самите не сакавме да застанеме, животот реши да го направи тоа за нас, нѐ сопре и нѐ натера да се запрашаме зошто и кон што цело време трчавме и брзавме, кои беа тие работи кои беа неодложни и кои цело време ги стававме пред нашето здравје и семејство. Нѐ сопре за да нѐ потсети кои сме и кое е нашето место во овој свет, нѐ сопре за да ги слушнеме отчукувањата на сопственото срце и конечно да можеме вистински да земеме здив. 

Кога самите не сакавме да застанеме, животот реши да го направи тоа за нас и нѐ натера да се замислиме зошто нашиот ум го преполнивме со лоши мисли, зошто нашето срце го преполнивме со лоши чувства, својата иднина со катастрофални предвидувања и заборавивме да живееме во светот во кој живееме. Животот нѐ застана за малку да ги погледнеме сопствените стравови и сомнежи и да сфатиме колку се тие бесмислени и колку ни ја трошат позитивната енергија со која би можеле да направиме нешто одлично. 

Животот ни рече „ЗАСТАНЕТЕ“, затоа што целата таа луда состојба на трчање и стрес почнавме да ги гледаме како нешто нормално, го прифативме тоа како да нема друга алтернатива и почнавме да се однесуваме како да ќе живееме вечно. Заборавивме да го обликуваме животот по своја мерка, а почнавме да го обилкуваме онака како што ни беше наметнато од општеството и наместо да ги живееме нашите соништа, почнавме да живееме само за да се прикажеме како поголеми во туѓите очи.

Кога самите не сакавме да застанеме, животот реши да го направи тоа за нас, нѐ сопре и нѐ предупреди дека мораме да научиме да бидеме благодарни за сѐ што имаме, да научиме да ги цениме оние мали работи кои не ги забележувавме, да ги почитуваме луѓето со кои сме опкружени и да сфатиме дека сето она што го сфаќаме здраво за готово утре може да ни биде одземено. Кога самите не сакавме да се сопреме, животот го направи тоа за нас и ни даде нова шанса, шанса добро да размислиме и да одлучиме во кој правец ќе го насочиме нашиот живот и животот на нашите сакани.