„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене” - најпознатите изјави на Тоше Проески

Поминаа 13 години од смртта на нашата најголема македонска ѕвезда. За него и неговото дело веќе многу знаме, останува да се потсетиме на него, со љубов и почит. Неколку од најпознатите изјави на нашиот ни Тоше.

“Сакајте се…”

“Без разлика на тоа дали некој ве сака, совршено е чувството да сакате некого, без оглед дали е тоа возвратено…вистинската љубов е онаа која ја даруваш, а не очекуваш да биде возвратена…”

“Кога се чувствува чувството на љубов , доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно…”

“Комлексот е опасна работа.Не се вртам на критики. Некои луѓе уствари ништо не направиле. Во животот кога ги имаат своите 5 минути и критикуваат.”

“Само господ нека ми ги чува луѓето што ме слушаат, музиката и инспирацијата…”

“Јас сум само марионета… што има повеќе да се каже!”
За манастирот…

“Сите ние грешиме,и желба и мисла ми е на некој начин да биде завршен, да биде полн со луѓе од сите краеви и земји кои веруваат во Бога, затоа што е посебно место. Верувајте ми , тоа го знае секој кој бил таму.”

“Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене….”

“Мојата публика за мене е најголема радост. За нив пеам и знам зошто ме сака, затоа што не се штедам, и за цена да паднам во несвест после концерт од умор. Апсолутно не се штедам кога е во прашање музика и публика . На моја среќа , или несреќа , јас и моите обожаватели дишеме како едно.”
“Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта и војската се е дозволено.”

“За мене најважна жена на светот е мојата мајка. Што да кажам, а да не звучи лигаво и да не биде сувишно?Кога ќе се сетам на неа ми доаѓа да скокнам до Крушево , да јав идам , ме преплавува љубовен мост. Мајка ми ме научи да почитувам, да сакам, да му верувам на луѓето…Ме наоружи со љубов. Доменика има поглед кој во себе има толку топлина па луѓето околку неа како по правило зборуваат тивко. Посветена е на семејството и има многу разбирање за ситните човечки глупости.

“Лилјана Петрович се појави во мојот живот во момент кога барав изгубен компас. Кога ми стана менаџер , се отвори ново поглавје во мојот живот-црпев сила од нејзината сила и навистина се чудам каква енергија излегува од оваа ситна жена-во непредвидени ситуации се однесувала како маѓионичар и еднставно ме зарази со оптимизам. Покрај тоа што ми е менаџер, Лилја ми е голем пријател , нешто како постара сестра. Способна е како десет мажи и е среќа голема што работиме заедно.”

“Да имам голема моќ, макар и на кратко, ќе направам да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.”
“Моето животно мото е –Како господ никој не е –се е во божји раце. Никогаш не би се одрекол од пријателите , би бил со нив и во лошо и зло. Во добро да се радувам на успехот, а во зло да помогнам.”

“Без обзир што кажуваат дека скромноста е особина на глупите луѓе , не се сложувам со тоа. Скромноста е особеност на добрите луѓе. Мене ми е незамисливо да некој кој може да му пружи на оној кој има малку, и да ги затвори очите и да не пружи рака.”

“Внимание до младите- Бидете јаки во секој поглед. Најголемата борба е борбата со самиот себе. Издржете и ставете го на испит својот карактер. Не се откажувајте!”