Повеќе од една недела тага и непребол за миленикот на македонската музичка сцена Андреј од ДНК. Не успеа да се спаси од кобните пламени јазици, а беше омилен кај генерации Македонци.
Секоја следна објава на социјалните објави, се чини, поболна... Спомените кои ги споделуваат неговите колеги и соработници го „параат“ срцето. Старите видео-прилози во кои зборува за ќеркичката Јана и за сопругата Наталија....
Беше едноставен, а талентиран, посветен татко, добар пријател, хуман, полн емпатија... Така и замина... Спасувајќи други!
Ви пренесуваме моќна објава на една од фановите на Андреј:
- Деновиве сите нè растажуваат споделените видеа со Андреј, во кои се гледа неговото искрено лице. Ова длабоко сите не' растажува, иако не го познававме лично. За мене ова насмеано лице на Андреј, оваа добрина и искреност што се разлеваат околу него, овој сјај во очите, е она што лежи длабоко во поголемиот дел граѓани на Македонија.
За мене тоа е основата што е длабоко во секој од нас, во нашето ДНК….
Она што секој странец може да го осети кога прв пат ќе ја посети Македонија.
Секој нека се запраша каде се изгубило ова лице, каде се изгубила оваа емпатија.
Без разлика на околностите, секој нека биде еден Андреј и нека ја шири оваа добрина и нека осветли едно парче темнина околу себе.
Нека е вечен споменот за Андреј!