Не работи Жичарницата кон Водно

Жичарницата кон Водно не работи од сабота поради несоодветните временски услови за работа, информираа од ЈСП. 

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.