Не преземајте одговорност за среќата на несреќните луѓе околу вас

Често, постојат ситуации кога се трудиме да им помогнеме на другите луѓе околу нас и да ги „спасиме“ од ситуацијата во која се наоѓаат.

Но, тоа е невозможно.

Иако сакате да и помогнете на другата личност, и треба да бидете до неа, вистината е дека секој може да се излечи само себеси. Можете само делумно да помогнете со поддршка и позитивни мисли, но не можете да ја спасите таа личност. Не сте одговорни за нејзината несреќа.

Колку “несреќни“ луѓе околу вас се всушност луѓе кои сакаат внимание? Колку поголема среќа имате вие од нив?

Здравата личност е свесна за своите потреби, умее да зборува за своите чувства, да ги покаже своите емоции и да има конструктивен пристап во решавање на проблемите. Таа личност може да преземе одговорност за својата среќа или несреќа.

Ја гледате разликата? Никого не можете да направите среќен – никој никому не должи ништо. Одговорноста лежи во нас самите.

Ако секогаш спасувате некому, постојано жртвувате нешто, живеете за друга личност, а не за самите себеси. Се распарчувате на парчиња, немате енергија за да се посветите на себеси.

Иако среќата и несреќата доаѓаат во различни форми, сепак луѓето кои постојано се жалат, постојано и бараат жртви, бараат спасители во луѓето околу нив, а реалноста е дека често не ни сакаат да бидат спасени. Тие сакаат само внимание.

Не преземајте одговорност за нивната среќа. Тоа не се однесува само на партнерите, пријателите, туку и вашите родители, браќа и сестри. Помагајте, сочувствувајте, но не се обидувајте да спасите некого.

Не можете да живеете некој туѓ живот. Тоа е неподнослив товар со кој не можете да се носите, а и кога можете, нема ништо да постигнете.