Не престануваат телефонските измами за непостоечки сообраќајки

Обидите за измами и изнуда на пари за прикривање штета од сообраќајка веќе се подолго време присутни во Македонија. 

Полициските билтени и по неколкупати месечно регистрираат поединечни случаи на обид за измама, но дел од граѓаните веќе успеале да бидат измамени и измамниците да извлечат пари од нив, пред оштетените да сфатат дека сето тоа е лага. 

Шемата е позната - ѕвонат кај член од семејството и велат дека се случила сообраќајка во која блиската личност некого прегазила, па бараат пари за да ја спасат од затвор. Иако има граѓани кои наседнале на ова, сепак постојат и оние кои и во моменти на огромен стрес одлучуваат да останат трезвени, да поставуваат прашања и да пријават во полиција. 

Во повеќе случаи за кои сме информирани, жртвите кратко пред повиците зборувале со членот на своето семејство и разумно сфатиле дека немало кога да се случи такво нешто. 

Уште еден ваков случај стана актуелен на Фејсбук. Прочитајте го хоророт низ кој оваа жена поминала пред да сфати дека се работи за обид за измама и изнуда.