Не престанува дивеењето по улиците: Возач-почетник удри во повозрасен пешак

Возрасна скопјанка се здобила со тешки повреди откако во неа удри возило управувано од возач-почетник.

На 24.01.2022 во 10.20  часот било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, патничко  возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У.(72) од Скопје, известуваат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.