Не постои вистинска формула за живеење, не ја барајте од другите

Живееме и дишеме, некогаш премногу свои, а некогаш целосно пренесени на другите.

Мислиме дека се познаваме себеси доволно добро, за да одиме низ овој свет за да ги спознаваме другите, да градиме врски и односи со нив, да ги оставаме позади себе кога мора, да живееме покрај нив кога сакаме.

Живееме за добар живот, но ретко кој од нас има точен одговор што значи тоа. Дури и кога мислиме дека знаеме, стигнуваме до таа точка и си велиме  „а сега што?”

Не постои вистинска формула за живеење, не ја барајте од другите. Никаде ја нема. Животот нè турка напред, ни дава чекори, се вртиме назад, а потоа силно туркаме напред. Така е.  Живееме од соништа, го чекаме нивното остварување, а времето тече, животот не чека да почнеме да делуваме. 

Собираме мудрост, но ја нема тогаш кога ни е најпотребна. Се збунуваме пред најголемата среќа, замрзнуваме пред најголемите таги, губиме луѓе, некогаш се губиме себеси, друг пат наоѓаме нешто ново. Но, не учиме што е најдобро. Учиме само да живееме со себе и со другите.

Затоа, градете мостови, срушете ги ѕидовите, сакајте, најдете го детето во себе. Пуштете ги да си одат оние кои не сакаат да се тука.

Прегрнете ја радоста и чувајте ја долго, до себе, во себе. Пуштете ја тагата од себе. Животот е прекраток. 

Не се гужвајте во она што треба да биде. Никој не знае како треба.