Не постои средина: Или ме сакаш, или не ме сакаш – толку е едноставно

Уморна сум од играње игри, а тука ја вклучувам и љубовта. Веќе го надминав она детинесто однесување. Повеќе не сакам да трошам време со луѓе кои не ме сфаќаат сериозно. Кога ќе дојде до врска, сакам сите карти да бидат отворени. Сакам моето срце да биде на дланка и истото го очекувам од мојот партнер. Преку глава ми е од лаги и сплетки и потребен ми е некој кој го чувствува истото. Сакам некој кој е емотивно созреан. 

Не сакам некој кој сака игри, ниту сакам работи кои се прават со пола срце, ниту некогаш сум сакала. Сакам некој кој во врската ќе даде сè од себе и секогаш ќе вложува максимален труд. И не сакам да се помирам со нешто помалку од тоа. Јас сум жена која ќе го сака мажот со целото свое срце, јас не бегам од чувства. Секогаш ќе бидам реална и моите чувства се вистински. Ако не можам ова да го исполнам, воопшто не ни влегувам во врска. Не сакам да имам со маж кој ме сака само за една или две ноќи. 

Јас сакам љубов која ќе трае вечно и сакам човек кој го сака истото. Ако сакаш да бидеш во врска со мене, биди подготвен навистина да вложиш труд. Толку е едноставно. Ако сакаш да бидеш дел од мојот живот, направи нешто за да ме задржиш. Ако сакаш да бидам твоја партнерка сакам да видам дека се трудиш, не само денес, туку секој ден. Јас верувам единствено во таква љубов. 

Љубовта не е нешто што можеш да го сфатиш несериозно, љубовта мора да биде сфатена сериозно. Во љубовта мора да се дадеш себеси. Мора да бидете свесни за тоа, тоа не е само некаква игра од која можете да излезете кога вас ќе ви текне. 

Љубовта е живот и во љубовта не постои сива зона и ако мислиш дека сакам да бидам дел од тоа, одговорот е НЕ. Јас сум личност која дава сè и која очекува да го добие истото. Не сакам ништо на половина, не сакам ништо со половина душа. Или ме сакаш, или не ме сакаш – толку е едноставно.