Не постои погрешно време, туку само луѓе кои не сакаат да се обидат

Денес, погрешното време односно лошиот тајминг е главната причина за распад на многу врски, или пак уште полошо, пријателства кои никогаш не стануваат врски. Го користиме како причина постојано, но знаеме ли всушност што е тоа? Знаеме ли воопшто што е вистинско време, кога сите нешта се на место и совршени и кога сите нешта се едноставни и лесни? Знаеме ли за нешто такво? Постои ли тоа?

Времето е секогаш хаотично, секогаш несовршено и непостојано. Нема никогаш да биде добро, ниту пак ќе биде лошо. Времето е време.

Но, можеби не постои погрешно време, туку постојат само погрешни луѓе. Можеби го користиме времето кога не сме сигурни за нашите чувства или пак кога не сакаме да се обидеме и не сакаме ништо конкретно со таа личност. Можеби не е виновно време, туку нашиот страв да се справиме со нашите чувства, со самите себеси, а највеќе со другата личност.

Вистината е дека некои луѓе го прават времето вистинско, далечината поблиска, а патувањето посигурно и позабавно. Тие ги олеснуваат тешките времиња.

Тие го прават времето вистинско кога ќе запознаат личност која ќе ги заинтригира, која им помага да се смеат, која прави да веруваат и да засакаат повторно. Тие знаат дека условите не се никогаш совршени, бидејќи секогаш ќе постои нешто што  ни стои на патот, но и секогаш постои начин да се направат нештата да профункционираат. Секогаш постои можност да се најде баланс. Да се најдеме на средина. Да најдеме компромис.

Таквите луѓе прават времето да биде незначајно.

Затоа, кога некој ви вели дека времето е погрешно, тоа што сакаат да кажат е дека тоа навистина е погрешно за нив и не сакаат да направат никаков обид тоа да биде вистинското време за вас. Тие велат „тешко е сега“ и не сакам да направам да биде полесно. Тие се откажуваат без да пробаат.