Не постои дефиниција за среќата, ниту точно утврден пат до неа

Го преживуваме сето она што не нѐ убило и бидејќи успеваме да го надминеме тоа, треба да сфатиме дека во нас постои огромна сила. Сила,  за која не сме биле свесни дека постои, претходно. Не треба никогаш да го заборавиме тоа.

Ми требаше многу време за да сфатам дека некогаш можеш сите нешта да ги направиш како што треба и сепак да завршиш несреќен. Можеш да ги кажеш сите правилни нешта, да направиш како што ти е кажано, да ги следиш успешните приказни на другите луѓе, да го следиш нивниот успех и нивните мотивациски приказни и совети, но сепак да не успееш да стигнеш до целта.

Најдоброто нешто што можеме да го направиме за себеси  е да се послушаме што вистински сакаме. Сите правиме грешки кои можеби никогаш нема да ги заборавиме, но тие се наши грешки. Самооткривањето и утврдувањето на сопствените потреби и желби, но тоа е единствениот пат, вистински пат до среќата. Најтешко е да се соочиме со себеси, да се прифатиме онакви какви што сме, да не се споредуваме со другите, но само тоа може да ни помогне да стигнеме до крајот, до среќата на крајот. Да бидеме свои.

Најдобриот подарок кој можеме да си го дадеме себеси е својата верзија од себеси. Да утврдиме што ни е важно и да го следиме тоа. Да заборавиме на клише изјавите за среќа, на лекциите, на советите од другите луѓе. Да престанеме да ја бараме среќата во количеството пари, личноста која треба да нѐ спаси од осаменоста, големиот број пријатели. Секој има своја дефиниција за среќа, секој има различен пат до неа.

Кога ќе сфатиме кои сме и каде сме, така, стануваме личноста која секогаш сме сакале да бидеме. Така, ја наоаѓаме среќата која најдобро ни одговара.