Не паркирајте под високи дрвjа, се очекува невреме

По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер за време на викендот од ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегнат несакани последици.

-Исто така, доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да ни се обратите со директна порака или мејл, за нашите екипи да интервенираат, велат надлежните.