Не оставјате вредни предмети во автомобил- крадците се активни

Речиси секој ден се случува автобомили насилно да бидат отворени, за крадците да дојдат до предмети оставени во возилата.

Омилени жртви на крадците им биле и странските автомобили, а најчесто се краделе мобилни телефони, радија, лаптопи, па дури и јакни или други вредни парчиња облека.

Од МВР се апелита до граѓаните да бидат повнимателни кога станува збор за нивната безбедност. Крадците знаат што да украдат, па затоа целат кон лаптопи, вредни парчиња облека, мобилни телефони, акумулатори и автомобилски бандажи.

Така оставени тие се провокација и предизвик за сторителите на тешки кражби. На тој начин ќе се заштититите и себеси и вашиот автомобил.

Странските државјани што се во посета на метрополата исто така се жртви на овие крадци и надлежните упатија апел до нив да бидат крајно внимателни и да избегнуваат користење на неосветлените паркинзи.