Не очекува променливо облачно време во следните денови

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Вакво време ќе се задржи во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови ќе има појава на локален дожд. Максималната температура се очекува да се искачи до 14-от степен. 

Во Скопје значително облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура до 12-от степен.

За утре, метеоролозите најавуваат променливо облачно време, со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени Целзиусови.

Во Скопје утре значително облачно со умерен југоисточен ветер, со максимална температура до 11 степени Целзиусови.