Не очекува променливо и свежо време во текот на денот

Времето до крајот на денот ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умeрен ветер од северен правец.

Наутро се задржува студено време, а преку денот променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до максимални 22 степени. 

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец и температура до 20 степени. 

Во текот на утрешниот ден, наутро ќе се задржи студено време, а во текот на денот променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.