Не носете ги децата во маркет, ќе ви побараат цреши од 1400 денари - Твитер реагира за луксузното овошје

Црешите - вистински луксуз на македонскиот пазар. 

Во одредени супермаркети, цената на килограм цреши достигна 1359 денари!

Твитерџиите „збеснаа“ од нералната цена, па се јавија со бројни досетливи коментари! 

„Еден ден сместување во Дојран или килограм цреши“, „Увозни се и полни семки“, „Не носете ги децата во маркет, ќе ви побараат цреши“...

 Продавачите велат дека се работи за први, рани цреши од струмичко и валандовско, и дека цената ќе паѓа во наредните недели.