Не можеш да се разделиш од оној кој ти е суден...

„Луѓето мислат дека сродна душа е некој кој совршено ни одговара и тоа е она што сите го сакаат. Но, вистинската сродна душа е огледало, личност која ни го покажува она што нè спречува, личност која дозволува да се забележите самите себеси за да можете да го промените сопствениот живот.“ – Елизабет Гилберт

Без оглед на тоа колку се трудите, не постои начин да раскинете со својата сродна душа. Сè се случува додека да трепнеш, на еден обичен ден, на денот кога не сме ни биле свесни дека целиот живот ќе ни се промени. Во еден момент сме живееле обичен живот, а веќе во следниот, животот ни се превртува наопаку, во мигот кога се сретнуваме со нашата сродна душа. 

Можеби ќе ја сретнеме сродната душа на еден дождлив ден, во кафуле, или можеби во сосема друга ситуација. А можеби еден ден, одеднаш ќе ни се отворат очите и некој што одамна го познаваме ќе го видиме во друго и ново светло. Неважно е на кој начин тоа се случило, но важно е дека таа личност се појавила во нашиот живот. Се појавила одеднаш и истовремено сè било исто, но и различно. Сме биле привлечени кон оваа личност, не е важно зошто, не е важно дали постоела препрека, сè што сме знаеле е дека сме морале да бидеме во близина на оваа личност – оваа душа која некако разговара со нашата душа, на начин сосема поинаков и различен од разговорите со сите други луѓе. 

Така сме паднале или сме се судриле, како ѕвезди кои паѓаат, сме ја почувствувале таа врска, таа целовитост која доаѓа од соединенувањето со душата со која сме споделувале многу животи. Сме ја почувствувале врската на нашите хармонизирани мисли, длабочината на начите чувства, висината на нашата душевна поврзаност. Никогаш не било поставено прашањето дали сакаме да бидеме заедно. 

Но, како што тоа често го учиме со годините, љубовта не е толку едноставна и не завршуваме секогаш со сродната душа. Толку сме се бореле против таа поврзаност, сме се бореле и на крај сме ја закопале. Ние сме се разделиле или можеби сродната душа нè напуштила, оставајќи нè на полна месечина, додека снегулки паѓале од небото. Но, не е ни важно кој си заминал, затоа што и двете страни ја чувствуваат болката во душите, души кои во еден момент биле во совршена хармонија. И потоа сме се преокупирале со нашите животи.

Пронаоѓаме среќа во секојдневните моменти кои донеле љубов во нашите срца, но без оглед на тоа колку сме зафатени или потресени, потребен е само еден момент за да го смириме својот ум и сфаќаме дека сè уште можеме да ја почувстуваме нашата сродна душа. Нашата сродна душа секогаш е на замаглените рабови на нашата свест, со онаа привлечна врска, која колку и да била тешка, никогаш не делувала дека е погрешна. Тоа е оган за кој никогаш не сме очекувале дека ќе продолжи да гори. И едноставно секогаш бил таму. 

Не е важно каде сме патувале, кого сме сакале и кому сме дозволиле да нè сака нас – таа сродна душа си седи удобно вгнездена во нашата душа. Нивниот допир предизвикува оган на нашата душа, нивните усни оставаат жиг на нашите души. Нашите души оставиле меѓусебен траг едни на други и никогаш не постоел избор да се вратиме назад и да се преправаме дека ништо од тоа не ни постоело. И така сме се спојувале и разделувале почесто од месечевите мени, но подеднакво посјајно.

Создадовме љубов, па побегнавме, ги споделувавме сите тајни, а потоа се преправавме дека немало ништо посебно во начинот на којшто сме разговарале. Се смеевме, а потоа одлучивме да заборавиме сè.

А дури и по толку време, сите рани кои сè уште треба да зараснат, сè уште не го направиле своето – и не сме ја откриле целта поради која нашата сродна душа пристигнала во нашиот живот. Иако ги наведовме сите причини поради кои не треба да сакаме, ние и натаму сакаме. Одново и одново. И покрај илузијата на времето и пропаста на сопствената човечност, сè уште сме привлечени од нашата сродна душа, онаа која се појавила во нашиот живот и променила сè.

Можеби конечно ќе се откажеме од обидите да се раздвоиме. 

Можеби ќе се предадеме на таа поврзаност која никогаш не сме биле во состојба да ја дефинираме и да ѝ дадеме име, можеби едноставно само ќе ја прифатиме таа љубов како она што е – подарок и дел од нашата божествена цел. 

Затоа што реалноста е следнава: без оглед на тоа колку се трудиме, ние едноставно не можеме да се разделиме од нашата сродна душа.