Не можеш да побегнеш од својата сенка, ниту пак од својата осаменост

Човекот прави сѐ за да ја избегне осаменоста.

Но, што и да направи, таа е тука, како сенка која го прати.

Можеш да не гледашво неа, но таа е секогаш тука.

Колку и да бегаш од неа и колку и да се преправаш дека ја нема, понекогаш не можеш да оддолееш на искушението да ја погледнеш и да ја препознаеш.

Не можеш да побегнеш од својата сенка, ниту пак од својата осаменост.

Можеш накратко да ја избегнеш осаменоста преку дружење, создавање врски, влегување во некои организации...

Тие моменти ќе ти дадат кратка издишка, но осаменоста нема да исчезне. Денот кога ќе сфатиш дека сите обиди да ја избегнеш осаменоста се залудни и дека твојата осаменост останала недопрена наспроти сите твои обиди да ја избегнеш, тоа ќе биде голем момент на разбирање.

Тогаш ти преостанува само една работа:

Да видиш дали осаменоста е чувство од кое треба да бегаш или таа едноставно дел од твојата сопствена природа?

Тогаш, наместо да трчаш и да бегаш од неа, затвори очи и влези во неа.

Така ноќта полека ќе исчезне и зората ќе се појави...

...а осаменоста ќе почне да се претвора во самотија...