Не можеш да искусиш љубов, а истовремено да се плашиш да сакаш

Не можеш да искусиш љубов, а истовремено да се плашиш да сакаш.

Не можеш да доживееш успех, а истовремено да се сомневаш во него.

Не можеш да ја почувствуваш туѓата добрина, а истовремено да мислиш дека сите луѓе се лоши.

Не можеш да бидеш среќен, а постојано да ги набројуваш работите кои те прават несреќен.

Не можеш да имаш пари, а да мислиш дека се валкани.

Не можеш да посакуваш мир, а истовремено сѐ околу тебе да ти создава немир.

И тоа не затоа што јас така велам, туку затоа што природата и светот велат така.

Не можеш да се жалиш затоа што навечер нема Сонце, затоа што не можеш да дишеш под вода, затоа што каменот паѓа на земја откако ќе го фрлиш во воздух, затоа што е топло кога ќе се облечеш и ладно кога ќе се соблечеш.

Природата и текот на работите се такви.

За да почувствуваш љубов, мораш и ти да бидеш љубов, за да бидеш успешен мораш да веруваш во успехот, за да почувствуваш добрина мораш да веруваш дека постојат добри луѓе, за да бидеш среќен мораш да ги увидиш работите кои те прават среќни, за да имаш пари мораш да мислиш дека ги заслужуваш и за да имаш мир, мораш да го чуваш и градиш во себе.

Не е до светот. Никогаш не е до светот.

До нас е. До тоа какви ќе одлучиме да бидеме додека живееме во него.