Не можеш да ги користиш моите маани против мене

Јас сум жена, со маани и несигурности. Можеби не сум убава како манекенките кои ги гледаме на телевизија, ниту пак имам самодоверба колку што би сакала да имам.

Да, имам многу маани. Не сум совршена. Во мене има и добро и лошо. Сум била исплашана до смрт. Но, сепак свесна сум дека се сакам повеќе отколку навредите кои ги фрлаш кон мене.

Душо, јас сум повеќе од моите маани и несигурности. Јас целосно се имам прифатено себеси: доброто, лошото, грдото  убавото. И не, не можеш да ги користиш моите маани против мене.

Можеби не ме гледаш како совршената жена која ти мислиш дека си, но она што јас го гледам во себе е фактот дека знам целосно да се прифатам себеси.

Сум била уплашена и повредена, но станав и преживеав. Не можеш да ме повредиш со твоите злобни зборови. Те слушам тебе и твоите реченици, но тие не ме повредуваат.

Не сум мало девојче кое плаче и кое е повредено од секој твој ужасен збор. Но, во минатото бев тоа девојче. Но, сега приказната е сосема поинаква. Не можеш да ми ја одземеш силата. И иако постојано се обидуваш да ме скршиш, јас сум тука, стојам гордо и исправено и искрено ти кажувам: Душо, моите маани не ме дефинираат. ТИ не ме дефинираш мене.

Луѓе, прифатете се себеси. Бидете горди на самите себе. Сакајте се на начинот на кој сакате да бидете сакани. Целосно сакајте се себеси.