Не можеме да ги смениме луѓето - подобро е некои работи да се остават неискажани

 

Меѓучовечките односи се комплицирани. Луѓето често се повредуваат едни со други – намерно или ненамерно.  

Некогаш мислиме дека би ни било подобро да си кажеме сè што имаме, да не останеме неискажани, но сепак често правиме грешка.

Секој од нас живее со различна перспектива, различен начин на живеење, сфаќања и мотиви. Можеме ли навистина да убедиме друга личност во тоа што го мислиме?

Зошто секогаш мислиме дека мораме да се браниме себеси? Зошто мислиме дека другите ни должат некакво објаснување? Зошто мислиме дека можеме да ги смениме?

Мораме да престанеме да се грижиме. Мораме и да престанеме да им даваме шанса на луѓето кои делуваат како да ќе нè повредат. Така и ќе се заштитиме себеси од сето тоа. Од размислувањето што би можело да биде, како и тоа дека мораме нешто да им покажеме и објасниме.

Убаво е да бидеме сигурни во тоа што го чувствуваме. Но, секој од нас е различен. Никој не ни должи ништо на овој свет. Дури и кога ни должат, кога мислиме дека луѓето треба да се однесуваат добро кон нас, бидејќи ние сме се однесувале добро кон нив, тие често нè повредуваат. Но, би можеле ли да смениме нешто ако се обидуваме да се објасниме?

Свртете им го грбот на таквите луѓе, најголем дел од нив не ги ни заслужуваат вашите зборови.