Не можеме да ги сакаме виножитата, а да мразиме дождот

Некои работи доаѓаат едно по друго.

Photo by Stainless Images on Unsplash

Некогаш мораме да поминеме низ одредени искуства, за да дојдеме до среќата. Колку и да сакаме да постои скратен пат до среќата, некогаш едноставно не е така.

Велат: Не можеме да ги сакаме виножитата, а да мразиме дождот. Виножитото не постои без дождот. Тоа не е се појавува без сонцето кое доаѓа после бура. Затоа, треба да бидеме внимателни, но и да веруваме во исходот.

Секој од нас чекори по сопствена патека, и верувале или не, никому не му  е лесно. Некогаш погледнуваме кон некоја личност и си помислуваме колку е лесно и едноставно за нив. Го гледаме само нивното виножито, но не и дождот кој претходел на сето тоа. Затоа и никогаш не треба да правиме споредби.

Сетете се на некои бури во вашиот живот, а потоа и на виножитата. Постојат нели?

Потребна е само надеж дека најубавото допрва доаѓа. Потребно е разбирање дека за некои работи е потребно време. Животот не е права патека во која ние го одредуваме тајмингот. 

Вашето виножито е веројатно пред вас. Сетете се на овие зборови секогаш кога ќе се најдете среде бура.