Не можеме да бидеме сакани од сите и тоа е во ред

Застани малку. Застани малку, вдиши и издиши. Разбери дека не можеш да бидеш сакан од сите луѓе и прифати го тоа.

Ти не си една големина која им одговара на сите. Ти не си еден, безначаен карактер кој може да одговара секому. Ти не можеш да се растегнуваш за да ги исполниш туѓите стандарди и да чекориш по тенок мраз, мислејќи дека мора сите да те сакаат.

Те сакаат оние кои ја гледаат твојата вредност, а не оние кои сакаат да ја создадат или пресоздадат по нивните стандарди.

Во меѓувреме, не очекувај љубов. Сакај се себеси. Прави го тоа без сомнеж и без колебање. На крајот на краиштата, како и некој би можел да ја види твојата вредност, ако ти не можеш самиот? Како може некој да те сака ако ти не сметаш дека можеш да се сакаш себеси?

Сакај го секој дел од тебе, секоја состојка од твојот ум, тело и карактер. Еден ден ќе најдеш личност која исто така ќе го сака секој дел од тебе, онаков каков што си, а не онаков каков што треба да бидеш.