Не може да поскапе 100%, а сега да поевтини само 10%, велат граѓаните за цените на храната

Поевтинувањето на струјата за преработувачките на храна ќе донесе пониски цени на храната. Според најавите на надлжените се очекува храната да поевтини околу 10%, а тоа би се случило околи Нова година.

Граѓаните скептични и револтирани. Велат не може да скапне 100%, а сега да поевтини само 10%.

-Кои цени ќе ги замрзне Владата? Тие што ги дигна до плафон! Нека ги врати старите цени ,па нека ги замрзнува и ич нека не ги одмрзнува!

-Е да многу убаво, зголемени цени 100%, а сега намалени само 10%, не само младите сега и повозрасните си заминуваат од оваа вукојебина.

-Реално храната треба да поевтини најмалку 40%. Секој ден нова цена на ист артикл. Ова е воено профитерство дозволено од власта.

-Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, вели премиерот Ковачевски.