Не морате да реагирате на сите нешта кои ве нервираат

Кога ги забележувате само лошите нешта во вашиот живот, немате простор за добрите.

Нештата кои се случуваат во нашиот живот и околу нас се добри или лоши. Но, некако како да ги занемаруваме добрите, а реагираме само на лошите. Ја трошиме сета енергија на тоа и го завршуваме денот истоштени без да ги забележиме добрите нешта во нашиот живот.

Треба да сфатиме дека не можеме да им се допаднеме на сите луѓе, дека не можат сите нешта да бидат како што посакуваме и не можеме постојано – секој ден, секоја минува да бидеме среќни.

Нереагирањето на лошите нешта не значи дека не ги забележуваме. Тоа значи дека одлучуваме да бидеме над нив. Тоа значи дека ги прифаќаме лекциите кои тие нешта ни ги носат и учиме од нив. Учиме да бидеме поголема личност. Одлучуваме да бидеме смирени и во хармонија, наместо постојано нервозни и напанти.

Зошто ја прифаќате драмата во својот живот?

Не ви се потребни луѓето кои прават како да не сте доволни. Не ви се потребни конфликти и проблеми и празни пријателства.

Треба да знаете дека некажувањето ништо често значи кажување многу.

Не ви е потребна драмата бидејќи тоа значи дека им дозволувате на другите луѓе и нешта да имаат контрола над вашите чувства. Не можете да контролирате што прават другите луѓе, но можете да контролирате како реагирате на тоа.

Научете дека дури и да реагирате, тоа не менува ништо, а нереагирањето менува многу. Пуштете ги работите, пуштете ги луѓето, не барајте нешто што не може да ви биде дадено, не барајте објаснувања, не бркајте одговори и не очекувајте да ги разберете луѓето, ниту пак тие да ве разберат вас.

Работете на себе и на својот внатрешен мир и ќе сфатите колку тоа прави разлика за самите вас.