Не ми кажувај дека сум убава

Ми кажа дека мислиш дека сум „убава“.
Ми кажа дека мојата насмевка е „прекрасна“.
Ми кажа дека моите очи се „најубавите очи кои си ги видел.“

Но, јас не сакам да го слушнам тоа. Не сакам да слушнам што мислиш за мојот изглед. Јас не избрав да изгледам онака како што изгледам.

Можеби не мислам дека сум физички убава.

Моите очи се збрчкуваат кога се смејам.
Мојата коса е секогаш бушава и хаотична.
Јас не сум слаба, јас сум покрупна.

Но, од кога „имањето убава насмевка, совршена коса, убаво тело и фини очи“ е она што го прави човека убав?

За мене човек е убав поради работите кои не можеш да ги видиш. За мене луѓето се убави поради начинот на кој се смејат или како изгледаат кога зборуваат за нешто за коешто имаат страст.

Сакам да ми кажеш дека ти се допаѓа тоа што не го гледаш.
Кажи ми што е тоа што те тера да мислиш на мене?

Сакам да ми кажеш дека си видел сончоглед и ти текнало на мене затоа што знаеш дека тие ми се омилени. Кажи ми дека мојата насмевка ја осветлува собата. Кажи ми дека имам заразно смеење. Кажи ми дека си видел некој како се сопнал од рамна површина и ти текнало на мене. Кажи ми дека моето име било спомнато во некој разговор и тоа предизвикало насмевка на твоето лице. Кажи дека си видел или чул нешто и тоа те потсетило на некоја наша заедничка шега.

Сакам да знам дека мојот ум е прекрасен.
Сакам да знам дека можам да разубавам нечиј ден.
Сакам да знам дека сум личност која е секогаш насмеана.

Не сакам да ме знаат како „убава девојка“ затоа што тоа не е мојата единствена карактеристика.

Јас сум интелигентна, позитивна, носам розеви очила, љубезна, трапава, саркастична, досетлива, ентузијастична, сочувствителна, искрена, дарежлива, практична и искрена.

Кажи ми ги овие работи, а не само „убава“. Овие зборови се дел од она што ме прави убава, затоа што тоа се зборови кои ме прават тоа што сум. Тоа се зборови со кои сакам да бидам опишана, затоа што тие ме прават девојката која ја знаеш. И без овие карактеристики, не би била тоа што сум.