Не ми кажувај дека немаш време, кажи ми дека приоритетите ти се поинакви

Ако сакате, имате време. Ако немате време, значи дека не сакате да го имате или имате други поважни приоритети. Не дозволувајте да ве лажат или мамат. Секогаш ќе има време и место за луѓето кои сакате да ги видите, со кои сакате да разговарате или се грижите за нив – тоа е основата на наклонетоста и љубовта. 

Како што растеме, животот ни го отежнува добивањето на тој простор за другите или за активностите кои ги сакаме, особено кога имаме обврски кои ни го градат речиси цело слободно време. Меѓутоа, не е вистина дека воопшто го немаме. 

Како што проаѓаат годините, природно е да научиме да го организираме времето и просторот наменет за работа, деца или учење, затоа велат дека животот е комбинација на приоритетите и шансите. Никој не заслужува да моли за внимание. Немојте да поместување мориња и планини за некој кој за вас не би помрднал ни камен. Темелите на меѓучовечките односи се засноваат на заедништво, на давање и примање внимание и време.

Не им недостасувате на луѓето кои не ви се јавуваат, а оние на кои не им недостасувате не ве сакаат. Судбината одлучува кој ќе влезе во вашиот живот, но вие одлучувате кој ќе остане во него. Ценете ги оние кои ве ценат, а оние кои само пополнуваат време со вас не ги доживувајте како приоритет. 

Вие заслужувате да бидете приоритет, а не алтернативен план, ако првичниот план пропадне. Сите сме имале некој во животот кој ни бил секогаш во преден план, а тие се однесувале со нас само како нешто за пополнување време. Можеби нешто се случило и треба да се разговара за тоа, но исто така можно е да се работи за шаблон кој се повторува и недостаток од интерес за одржување контакти. 

Ако некој ве сака во својот живот, ќе остави простор за вас без да треба да се борите за тој простор. Никогаш немојте да бидете со личност која ве игнорира. Не можеме да го жртвуваме своето достоинство кон себе поради туѓата себичност. Добро изберете кого сакате во животот, а кога ќе го направите тоа мора да размислите за тоа кој ве избрал вас, ценете ги оние кои покажуваат дека ве сакат и го ценат вашето време.