
Што се крие зад мистериозниот број што деновиве се појави низ Скопје? Телефонски број со пораката „Најстрашниот звук по сообраќајна несреќа? Јави се и слушни“ предизвикува бројни реакции на социјалните мрежи. Кој стои зад оваа порака? И зошто на повикот никој не одговара?
Познатиот водител и инфлуенер Богдан Илиевски познат како „Бетмен Велит“ со порака:
- Не јавувај се на бројот.
Особено не додека возиш автомобил, во кој си го видел билбордот. Бидејќи не е сјајна идеја да се алармира за безбедност во сообраќај со повик за користење телефон во кола (не изричит, ама шофери читаат билборд на семафор, океј?) што не е законски дозволено.
Вирално е, герилски е, видливо е - ама, ефективноста/авернесот за внимавање во сообраќај е... спорно, порача Илиевски на својот фејсбук профил.