Не ја пуштал ќерка си да излегува - Уапсен велешанец кој дома и во викендицата чувал оружје и куршуми

Кај велешанец пронајдено оружје. Тој претходно бил пријавен во полиција затоа што ја малтретирал сопствената ќерка, со забрани да излегува и дека поседува оружје. Оружје било пронајдено и во викендицата на неговиот татко. 

- На 17.06.2026 во 03:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.А.(49) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ со рамка 13 куршуми без соодветна документација и поголема сума пари, информираа од МВР. 

Претходно, во СВР Велес било пријавено дека Г.А. извесен период ја малтретирал неговата ќерка ѝ забранил да излегува и дека поседувал оружје. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес и во викенд куќа во село Капиново, општина Чашка, сопственост на неговиот татко С.А.(74) од Велес.

- При претресот, таму биле пронајдени и одземени два пиштоли, 71 куршуми, пет патрони и дрвен кундак со ременик без соодветна документација, по што и С.А. бил лишен од слобода. Г.А. и С.А. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од полицијата.