Нови турбуленции се случуваат во Град Скопје откако директорот на јавното претпријатије „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски си поднел оставка. Од информациите кои излегоа од јавноста неговата одлука е донесена од лични причини
Досега Арсовска е рекордер во менувањето на директори на јавните претпријатија и речиси е блиску до бројката од 40 именувања и разрешувања што досега на ниту еден градоначалник во историјата не му тргнало од рака да го постигне овој „успех“. Интересното кај Ангеловски е што тој на оваа позиција не се задржа ни цели 2 месеци. Тој беше претставен во соопштението од градот како лице кое доаѓа од приватниот сектор со искуство од 15 години.
Не се ни трудиме да ја прашаме Арсовска за причините за ваквата реакција на Ангеловски од причина што нема ни да ни одговори на прашањата, nо во јавноста се шпекулира дека оваа оставка доаѓа како последица на недоразбирањата што ги има Арсовска со нејзиниот поранешен близок соработник Драган Митковски.