Не и се враќајте на личноста која ве повреди!

Не дозволувајте да и се вратите на личноста која ве повреди. Не правете го тоа ниту во момент на слабост, ниту тогаш кога се чувствувате осамено или пак ви е потребна позната личност за да ве утеши. 

Не се враќајте дури ни тогаш кога сте тажни и кога ја потопувате својата тага во чаша алкохол. Не праќајте порака за која ќе се каете. Не правете го тоа бидејќи ќе се мразите изутрина бидејќи пред таа личност сте покажале слабост.

Не им се враќајте во прегратки бидејќи сте исплашени, тажни и осамени. Не одете назад поради тоа што вашето срце е скршено. Тие не можат да го излечат или поправат вашето срце, бидејќи тие беа оние кои го скршија на прво место.

Ако се вратите назад, овој пат ќе мислите дека е поинаку. Ќе мислите дека се промениле, дека нештата се промениле, дека тие пораснале и созреале како личност, но нештата и луѓето не се менуваат така лесно. Постои голема можност дека повторно ќе бидете повредени, дека вашето срце ќе биде скршено уште еден пат од истата личност. 

Ако им се вратите, тие ќе знаат дека сте им простиле. Тие ќе се прикријат вешто на самиот почеток, но ќе продолжат да ве повредуваат бидејќи еднаш им простивте. Постојано ќе се извинуваат, тврдејќи дека не сакале да ве повредат. Но, ќе го прават тоа постојано, повторно и повторно.

Не сте слаби што ги сакавте. Не сте слаби ако се уште ги сакате. Не сте ниту слаби ако мислите дека се смениле, бидејќи едноставно го гледате најдоброто во луѓето, а особено во нив. Сакате да верувате во нив, бидејќи со розови очила гледате во оние кои ги сакате. 

Можеби околу нив чувствувате магија, можеби ви делува како се да е возможно, но не ја заборавајте нивната негрижа за вашето срце, леснотијата со која ве повредија и уште поголемата леснотија со која си заминаа. 

Но, знајте дека си должите себеси повеќе од тоа. Си ветивте милион пати дека нема да ги пуштите назад. Тешко е, и веројатно ви недостасуваат, но останете на своето ветување. Останете верни на себеси. 

nike air max 1 sale